ПРВ ДО ВРВ

SPARKASSE LIFE PRVDOVRV 2026

17 мај 2026

Пријави се

ПРВ ДО ВРВ Водно

16 мај 2021

Пријави се

Welcome to Our Website

Discover our services and find the best solutions for your needs.

Learn More
Croatia Osiguruvanje Business Run 5K 2026

Добредојде на најмасовното планинско искачување во регионот со пет трки:

Планинско трчање
Планинско трчање
Планински велосипедизам
Планински велосипедизам
Друмски велосипедизам
Друмски велосипедизам
E-Bike
E-Bike
Team-building Summit Run
Team-building Summit Run
Датум

17 мај 2026

Почеток

9:45 велосипедски трки, 10:00 трчање

Локација

Водно, Скопје, Македонија

Формат

Трки во најбрзо искачување до врвот на Водно

Трки
  • Планинско трчање
  • Планински велосипедизам
  • Друмски велосипедизам
  • E-Bike
  • Summit Run
Издание

14-то издание

Затворање на пријавување

10 мај 2026

Подигнување на стартните пакети

📍 Co Work Hub, Шумадиска 7а
👉 Погледни на мапа

🗓️ 15 и 16 мај (четврток и петок)
🕒 од 12:00 до 20:00 часот

*На денот на трката се издаваат пакети само за учесници од други градови и држави

Анти-ковид протокол

Ве молиме да ги почитувате здравствените мерки во целост.

- нема масовен старт туку се стартува во бранови
- задолжително носење на своја маска за време на стартот и по влегување во целта
- задолжително држење растојание меѓу учесниците
- се стартува во бранови од по пет натпреварувачи на растојание од 1,5м на секои 10 секунди
- водата се добива во неотворено шише
- прогласување на победниците со задолжително носење маска
- нема дополнителна програма по завршување на трките
- бројот на учесници е ограничен на 450

Прогласување победници според возрасни категории

Се прогласуваат само оние возрасни категории каде се пријавиле минимум тројца учесници.

Планинско трчање
Жени 0-12 13-16 40-49 50-59 60+
Мажи 0-12 13-16 40-49 50-59 60+
Планински велосипедизам
Жени 40-69
Мажи 0-16 40-49 50+
Друмски велосипедизам
Жени 40-59
Мажи 0-16 40-49 50-59 60-69
E-Bike
Жени 40-49
Мажи 13-16 40-49

Опис на трките и патеките

Трка во планинско трчање
Трка во планинско трчање
  • Старт: ОУ Кочо Рацин
  • Должина на патека: 4,5 км (ова е најкратката и најстрмната патека)
  • Искачување: ~800м
  • Патека: претежно земјена
  • Просечен наклон: 18,2%
  • Забелешка: Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта)
  • Повеќе инфо Пријави се
Трка во друмски велосипедизам
Трка во друмски велосипедизам
  • Старт: Музеј на Град Скопје (Стара Железничка)

    Времето се мери од летечкиот старт од ОУ Кочо Рацин

  • Должина на патека: 11,4 км
  • Искачување: ~800м
  • Патека: 100% асфалт
  • Просечен наклон: 6,8%
  • Забелешка: Сите велосипедисти возат по асфалтниот пат до врвот на Водно. Сите учесници задолжително носат заштитна кацига.
  • Повеќе инфо Пријави се
Трка во планински велосипедизам
Трка во планински велосипедизам
  • Старт: Музеј на Град Скопје (Стара Железничка)

    Времето се мери од летечкиот старт од ОУ Кочо Рацин

  • Должина на патека: 9 км
  • Искачување: ~800м
  • Патека: 40% земјен пат, 60% асфалт
  • Просечен наклон: 8,3%
  • Забелешка: Сите учесници задолжително носат заштитна кацига. Организаторот го задржува правото да изврши измени во патеката заради влошени услови на истата или заради неповолни временски услови. Патеката ќе биде означена со патокази и маркација.
  • Повеќе инфо Пријави се
Трка во ebike
Трка во e-bike
  • Старт: Музеј на Град Скопје (Стара Железничка)

    Времето се мери од летечкиот старт од ОУ Кочо Рацин

  • Должина на патека: 9 км
  • Искачување: ~800м
  • Патека: 40% земјен пат, 60% асфалт
  • Просечен наклон: 8,3%
  • Забелешка: Сите учесници задолжително носат заштитна кацига. Организаторот го задржува правото да изврши измени во патеката заради влошени услови на истата или заради неповолни временски услови. Патеката ќе биде означена со патокази и маркација.
  • Повеќе инфо Пријави се
SUMMIT RUN - компаниска тимбилдинг трка
SUMMIT RUN - компаниска тимбилдинг трка
  • Старт: ОУ Кочо Рацин
  • Должина на патека: 4,5 км (ова е најкратката и најстрмната патека)
  • Искачување: ~800м
  • Патека: претежно земјена
  • Просечен наклон: 18,2%
  • Забелешка: Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, а мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртењето кај полицијата, на Средно Водно и пред целта)
  • Секој тим е составен од најмалку 4 учесници и треба да има барем едно лице од спротивен пол. Бројот на членови на еден тим е неограничен.
  • Најдобрите 4 времиња, од кои барем едно од учесник од спротивен пол, е времето на тимот.
  • Секој член на тимот, со своето индивидуално време се натпреварува и во трката за планинско трчање
  • Повеќе инфо Пријави се

Видео

Пријавување

Одбери еден од пакетите и обезбеди го твоето место во некоја од трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, е-бајк или тим-билдинг Summit Run. Навременото пријавување обезбедува пониска цена. Пријавувањето се затвора на 10 мај 2026.

Ценовен период Важи до Base Plus
Super Earlybird 31.12.2025 500 ден. 900 ден.
Earlybird 5.3.2026 600 ден. 1.000 ден.
Regular 5.5.2026 800 ден. 1.200 ден.
Last minute 10.5.2026 900 ден. Недостапно

Women Week • 8–15 март

Специјална понуда за женски групни пријави (минимум 3 учеснички во една пријава).

Број на учеснички Base Plus
3–5 500 ден.
заштеда 300 ден.
800 ден.
заштеда 400 ден.
6–9 450 ден.
заштеда 350 ден.
700 ден.
заштеда 500 ден.
10+ 400 ден.
заштеда 400 ден.
600 ден.
заштеда 600 ден.
  • Цените се однесуваат по лице.
  • Важи само за женски групи (3+ учеснички).
  • Не важи за Business / Summit Run пријави.

Котизациите за учество покрај со онлајн плаќање, можат да се платат и со уплатница во банка или пошта, како што е објаснето во меилот што ќе го добиете по испраќањето на пријавата. Цената за учество зависи од денот на уплата без оглед на датумот на пополнување на апликацијата.